Адвокатурата е институт на римското право, од
времето на Римската Империја и Принципатот. Потекнува од латинскиот збор advocare- повикување на помош.
Од глаголот advocare е создаден – лице со
правна подготовка што со своите совети или на друг начин и помага на странката
во судската постапка . Во почетокот адвокатите не настапувале непосредно пред
судот бидејќи таа работа ја вршеле говорниците. Така било во Хелада , особено
во Атина . Прво се појавиле логографите- пишувачи на судските говори , а потоа
синегорите, познавачи на правото. Перикле е меѓу првите во Атина кој пишувал
судски одбрани. При крајот на класичното римско право, адвокатите постепено ја
презеле целокупната одбрана во судските постапки. Во периодот на Доминатот ,
тие станале влијателна корпорација со посебни правила за прием на нови членови
и со ограничување на бројот при одредени судови. Адвокатите биле лица со голем
углед во општеството и во судската постапка . Од почетокот на Принципатот,
адвокатурата стана професионална служба: од неплатена во платена професија.
Во римското право, адвокатите се третирани како
помошници на странките во судскиот спор. Катон, Цицерон и Цезар се афирмирале
прво како адвокати бранители на правата на плабејците. Подоцна тие се здобиле
со конзулски статус, благодарение на големите успеси во одбраната на своите
клиенти . Адвокатскиот сталеж е воведен првпат во Италија за време на
владеењето на царот Јустин од 518 до 527 година . Во тоа време се создадени и
првите адвокатски колегиуми како облици за професионално вршење на адвокатската
дејност. За време на Јустинјан, адвокатурата станува составен дел на
правосудниот систем. Во негово време, адвокатите биле воздигнати на исто рамниште
со оние што се бореле за татковината.

Адвокатите се лица
кои ги решаваат споровите во граѓанските и кривичните постапки, со кревање на
паднатите и поддржување на разнишаните права.
Тие не се помалку
полезни за човечкиот род од оние кои со својата борба и со раните ја бранат
својата татковина и таковците. Ние ги почитуваме оние кои носат штит и оклоп,
но тие се единствените што се борат за вашето царство. Тоа го прават и
адвокатите, мајстори во судницата ,
бидејќи и тие се борат со моќта на своите зборови , бранејќи ја надежта,
животот и потомството на оние што страдаат.
Адвокатурата повторно
воскреснува во Франција, во XIII век.
Во тоа време поставени се темелите на современата адвокатура како професија. Од
тоа време статусот на адвокатите се здобива со упис во именикот на адвокатите
ако се исполнети одредени услови и ако се согласи адвокатскиот ред.

Во македонскиот
судски систем правните основи на адвокатурата се поставени со одлуката на
президиумот на АСНОМ во сптември 1944 година за основање на адвокатурата како
самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни
овластувања во согласност со законот. Во јуни 1945 година со решение на Владата
на ДФМ е основана адвокатската комора на Македонија .
Уставот на Република
Македонија од 1991 година адвокатурата ја определува како самостојна и
независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во
согласност со законот. Функцијата на адвокатурата е давање правна помош на
граѓаните и на другите субјекти во остварувањето на нивните права и интереси
засновани врз законот. Овие функции ги остваруваат адвокати- единки или
здружени во зедница-друштво. Правната помош се состои во давање на правни
совети, застапување во водење преговори и вршење услуги од областа на деловен
протокол, составување на исправи за правни дела, составување на договори за
основање партнерство, соработка и слични акти во врска со основањето или
работењето на деловните субјекти, составување на поднесоци во судски или други
постапки, застапување на странките пред судовите, државните органи, органите на
единиците на локалната самоуправа и други правни и физички лица, одбрана на
осомничени и обвинети лица и вршење на други работи на правна помош.
No comments:
Post a Comment